Ние сакаме да креираме Оперативен Систем со најдоброто корисничко доживување. Не е само како го користите производот тука како вие

се чувствувате кога го правите тоа. Затоа ние ги отфрливме непотребните работи за да може да се фокусирате на правите работи и функции,
на правото место каде што ги очекувате. Ова е MIUI редизајниран во својата наједноставна форма.

Природен и без мака

Кога го користите MIUI за прв пат, треба да можете да го земете во рака и да почнете да го користите веднаш.
MIUI знае интуитивно што сакате, и ги поедноставува комплицираните процеси во нивната најпроста форма.
Со MIUI 6 сé изгледа толку природно и без мака.

Организирајте ја вашата содржина

Ние сакаме да бидете во можност да ја организирате вашата содржина како што сакате. И за тоа го имаме најдобриот начин како да ви ги
направиме достапни преку цела палета на можности.
Многу е едноставно и лесно да се најдат, со што вие можете да го задржите вашето внимание на битните работи.

Обојте ја вашата личност

Отклучете го вашиот телефон и спектар на бои ве дочекува на Првиот екран. Од вашиот календар до вашиот музички плеер,
секоја икона е обоена со персоналност.
Живописен и интензивен, новиот MIUI 6 ќе додаде боја во вашиот живот.

Навлезете

MIUI 6 е неверојатен и веднаш прифатлив. Нема ништо што би требало повторно да учите,
можете веднаш да навлезете во неговите можности. Отворајте апликации и движете се меѓу нив без никакви вознемирувања.

Едноставно прекрасни бои

Ние ги тргнавме сите непотребни детали што ве замараат и вие сега може да се насочите кон правите активности.
Веродостоен на вашиот животен стил и едноставно пријатен, секој детал во MIUI 6 ќе додаде некоја нова боја во вашиот живот.

Визуелно супериорен, супериорно едноставен.